ВИДЕО: И словачкиот претседател се поли со студена вода за хуманитарни цели

Од:

Во необичната глобална кампања во која познати личности се полеваат со кофи со студена вода во хуманитарни цели, која неколку недели е актуелна на социјалните мрежи ја поддржа и словачкиот претседател Андреј Киска, јави дописникот на МИА од Прага.

Според досегашната практика, луѓето на интернет објавуваат видео, како на главата си истураат кофа со студена вода. Истовремено треба да повикаат друга личност која во наредните 24 часа ќе го сторат истот или ќе исплатат финансиска помош за борба против Амиотрофичната латерална склероза (АЛС).

– Да се полеам со студена вода, тоа е најмалку што можам да направам за луѓето што се болни од оваа болест. По враќање од одмор ќе се обидам да најдам здруженија кои им помагаат на пациентите во Словачка и со задоволство ќе помогнам и финансиски, напиша Киска на својот фејсбук профил.

Киска е познат филантроп, основач на неколку здруженија за помош на болни и сиромашни луѓе и кој откако летоска стана претседател на Словачка се откажа и од месечната плата во корист на хуманитарни цели.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он