ВИДЕО: И Русите објавија снимка, тврдат го протерале британскиот разурнувач

Од:

По Би-Би-Си и Русија објави снимка за која тврди дека покажува како руските воени авиони и бродови го протеруваат британскиот разурнувач ХМС Дефендер од „кримските води“.

Русија тврди дека патролен брод на војската пукал за да го предупреди британскиот разурнувач да ги напушти руските води, додека Британците тврдат дека тоа не се случило.

Информацијата за инцидентот први ја објавија Русите. Инцидентот се случи во близина на југот на Крим кој Русија го анектираше во 2014 година што наиде на осуда од западните земји според кои полуостровот и натаму е украинска територија.

Според руската страна, нивниот брод двапати пукал кон британскиот разурнувач, а дополнително борбен авиион од типот СУ-24м исфрлил четири високоексплозивни бомби во морето пред британскиот разорувач, објави руското министерство за одбрана.

Британското министерство за одбрана на Твитер објави дека кон ХМС Дефендер не било пукано.

„Бродот на кралската воена морнарица минуваше низ украински води во склад со меѓународното право“ – се вели во твитот на британската морнарица.

„Веруваме дека Рустите спроведувале вежба во Црното море па мораа да ја поредупредат поморската заедница за своите активности. Не го признаваме тврдењето дека било пукано кон ХМС Дефендер и дека биле фрлени бомби на неговата рута“ се вели во објавата на британското министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни