(ВИДЕО) Хорор снимки од Индија: Пациентите оставени да умрат, докторите се кријат

Од:

Застрашувачки снимки од ковид-пациенти кои, според нивните семејства, биле напуштени од лекарите и оставени да умрат без кислород во заклучено болничко одделение во Индија, се појавија на интернет.

Трагичната сцена се случила во болницата Крити, приватна клиника во близина на Њу Делхи, минатата недела откако на семејствата на пациентите им било кажано дека во болницата снемува кислород.

Роднините, кои плаќале повеќе од илјада долари на ден за кревет, како што пренесуваат медиумите, рекле дека дошле во болницата, но ги нашле пациентите напуштени, а одделот за интензивна нега заклучен. Кога конечно ја отвориле вратата, утврдено било дека пациентите починале.

Полицијата морала да реагира кога роднините на жртвите го пронашла медицинскиот персонал скриен во мензата и им се заканилие дека ќе ги нападнат.

Бидејќи снимката од трагедијата стана вирална, полицијата соопшти дека установата не е овластена за лекување на ковид-пациенти, а истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати