ВИДЕО: Хаос во Казахстан, полицијата соопшти дека 10 демонстранти се „ликвидирани“

Од:

Руските Воздухопловно-космички сили и транспортната авијација испратија припадници на Воздухопловните сили во Казахстан, како дел од мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), соопшти денеска Секретаријатот на таа организација.

„Руските воени единици на Воздухопловните сили се приклучија на колективните мировни сили на ОДКБ“, се вели во соопштението на Секретаријатот, пренесува руската агенција ТАСС.

Членки на ОДКБ се Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, а Србија и Авганистан имаат статус на набљудувач.

Претходно Министерството за внатрешни работи на Казахстан соопшти дека синоќа демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата на полицијата во Алмати и дека десетици од нив, како што се наведува, биле „ликвидирани“.

„Ноќта беше направен обид да се упадне во зградата на полицијата во Алмати, а десетици напаѓачи се елиминирани“, се вели во соопштението на полицијата, пренесува РИА Новости.

Како што е наведено, војската го напуштила Плоштадот на Републиката во Алмати.

Претходно, агенциите пренесоа дека неколку оклопни транспортери и десетици војници утринава марширале на главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во Казахстан, каде веќе трет ден стотици луѓе протестираат против владата.

Следеше судир меѓу војската и вооружени лица меѓу оние кои протестираа.

Повеќе од илјада луѓе се повредени во демонстрациите во Казахстан во изминатите неколку дена, пренесуваат странските агенции, повикувајќи се на податоци на казахстанското Министерство за здравство.

Како што е наведено, речиси 400 од ранетите се хоспитализирани, а на одделението за интензивна нега има 62 лица.

Соединетите Американски Држави го осудија насилството и ваÐ �дализмот во Казахстан. Стејт департментот ги повика демонстрантите и властите во централноазиската земја да се воздржат.

Нарекувајќи го Казахстан „вреден партнер“, ги повика сите Казахстанци да ги почитуваат институциите, човековите права и медиумските слободи.

Протести поради високите цени на горивото избија на 2 јануари во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, а два дена подоцна протести го зафатија Алмати, југоисточниот дел на земјата и други градови.

На 4 и 5 јануари во Алмати избија судири со безбедносните сили, а полицијата употреби гас и шок бомби.

Интернетот беше исклучен низ цел Казахстан, а емитувањето на голем број ТВ канали беше привремено прекинато, јави РИА Новости.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан