ВИДЕО: Хаос во Бразил, илјадници демонстранти го бранат претседателот кој е под истрага на Врховниот суд

Од:

Приврзаниците на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се собираат во Бразилија за да го поддржат својот лидер.

Тие го поддржуваат во неговиот судир со правосудството поради измената на гласачкиот систем.


„Гардијан“ наведува дека излјадници негови приврзаници се упатиле кон политичката и економска престолнина на Бразил за да покажат колосална поддршка на својот претседател во страв од иднината на бразилската демократија и можноста за судир со противниците на Владата.

Неговите приврзаници ја пробиле полициската блокада во центарот на Бразилија, соопшти полицијата.

Болсонаро кој е соочен со рекордно низок рејтинг, се обидува да ја мобилизира својата база, особено со протестите во Бразилија и Сао Паоло.


Ултра десноориентираниот лидер планира во текот на денот да дојде на собирот додека се обидува да го зголеми притисокот на Врховниот суд по повод истрагата за него и луѓето од неговиот најблизок круг.


Стотина луѓе кои дојдоа на протестот се пробиваат низ препреките и доаѓаат кон зградата на Националниот конгрес и Врховниот суд, соопшти федералната полиција.

Авенијата е затворена за сообраќај од безбедносни причини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск