Во Велика Британија владее паника поради недостаток на гориво. Oгромни редици се формираа на бензинските пумпи. Полицијата мораше да интервенира и да воведе ред бидејќи возачите правеа неверојатна гужва.
Petrol stations blocked as fuel shortage fears spark panic buying pic.twitter.com/Xnk5ZjOQJf
— The Sun (@TheSun) September 25, 2021
Причината за проблемот во снабдувањето со гориво е крајно неверојатна, бидејќи се појави откако Велика Британија имаше проблем со бројот на возачи на камиони -цистерни за испорака на нафта и бензин. Поради таа ситуација, британскиот премиер Борис Џонсон попладнево најави итни состаноци со ресорните министри и лидерите на најголемите компании.
Се проценува дека Велика Британија треба да увезе околу 100.000 возачи за да ја нормализира ситуацијата, откако 25.000 се вратија во Европа пред Брегзит, а пандемијата го запре процесот на пристигнување на нови возачи.