ВИДЕО: Група тинејџери спасија дете што висеше на височина од шест метри

Од:

Ски-излетот на планина во близина на Ванкувер, Канада, за малку ќе завршеше трагично за осумгодишното момче кое падна од ски-лифт и остана да виси на височина од шест метри, според Си-ен-ен.

Неговиот татко успеал да го фати, но не можел да го повлече назад, па исплашеното момченце останало да виси во воздух. За среќа, во близина имало група тинејџери кои брзо реагирале и им дошле на помош.

„Тој беше многу исплашен и почна да крева паника”, раскажа за локалните медиуми еден од спасувачите, 14-годишниот Џејмс Мекдоналд.

Додека другите скијачи само набљудувале што се случува, Џејмс и неговите пријатели ја грабнале заштитната мрежа од една ограда и ја спростреле под момчето. Прво, тие побарале да ги симне скиите за да не се повреди во текот на падот, а потоа го замолиле неговиот татко да им верува и да го пушти момчето.

Кога го пуштил, момчето паднало во мрежата без да се повреди, но за секој случај било упатено на лекар.

Раководителот на ски-центарот им се заблагодарил на младите херои за брзата реакција и спасувањето на момчето и ги награди со бесплатни билети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новиот канадски премиер одма го нападна Трамп: САД да покаже почит

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски