ВИДЕО: Град погоди индиски авион со 227 патници, слета со огромна дупка на носот

Од:

Авион на компанијата ИндиГо вчера полета од Њу Делхи до Сринагар, најголемиот град во индискиот дел на Кашмир. Станува збор за лет кој обично трае околу час и половина, а во еден момент, според соопштението на авиокомпанијата, авионот бил погоден од ненадеен град. „Кабинскиот екипаж и пилотите го следеа протоколот и авионот безбедно слета во Сринагар“, се вели во соопштението. Во авионот имало 227 патници.

Не е прецизирано каква штета е причинета, но на фотографиите се гледа голема дупка во носот на авионот. Њу Делхи истата вечер го погоди невреме, придружено со дожд, молњи и грмежи.

Видеото снимено од патник и објавено на Платформа Х ја покажува паниката и стравот на патниците додека авионот влегувал во невремето, предизвикувајќи големи турбуленции. На видеото се гледаат деца како врескаат и плачат додека авионот се тресе.

Летот дотогаш се одвиваше непречено и патниците очекуваа да слетаат во Сринагар за околу 30 минути, кога пилотот ги замоли сите да ги врзат појасите, изјави патник за Press Trust of India. “Имаше толку многу турбуленции што мислев дека тоа е мојот последен лет. Сите мислеа дека ќе се урнеме. Тоа беше трауматично искуство”, рече тој. „Често патувам со авион, но никогаш не сум го доживеал ова. Благодарни сме на пилотот што безбедно не слета.

Тој го опиша и шокот што следел кога видел во каква состојба е авионот по слетувањето. „Откако излеговме и ја видовме штетата, беше уште потрауматично. Се надевам дека никој нема да го преживее ова искуство“.

Ваквите инциденти не се невообичаени, изјави за Си-Ен-Ен аналитичарката за транспорт Мери Скиаво, поранешен генерален инспектор на американското Министерство за транспорт. Град може сериозно да го оштети авионот, вклучително и дупнување на носот и оштетување на шофершајбната, но и покрај тоа, многу авиони успеваат безбедно да слетаат, рече таа.

Понекогаш лошото време дури и не се појавува на радарот – „и пред да сфатите, веќе сте во борба“, рече таа. „Имаше случаи кога град буквално му го откорна носот на авионот или откина делови. Иако опремата може да се изгуби, важно е пилотите да ја задржат контролата.

Би можело да ве интересира

Паника во авион на „Ер Индија“: Закана за поставена бомба, патниците итно евакуирани

Индиските власти започнаа истрага за несреќата на „Ер Индија“

Горан Наумовски

Сите 242 патници во авионот што леташе од Индија до Лондон загинаа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 133 загина во авионската несреќа во Индија, урнатиот авион превезувал 244 патници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авионска несреќа во Индија: Се урна патнички авион со 242 патници

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозии во индискиот дел на Кашмир неколку часа по објавата за примрје

Катерина Ѓуровски