(ВИДЕО) Гореше облакодер од 67 ката во Дубаи, речиси 4.000 луѓе беа евакуирани

Од:

Голем пожар зафати зграда од 67 ката во Дубаи поради што властите евакуираа речиси 4.000 луѓе. Според извештајот на „Калиџ Тајмс“, стотици жители рекле дека нивните противпожарни аларми не работеле и дека дознале за пожарот дури кога почувствувале мирис на чад или биле повикани од пријатели.

Густ чад ги исполнил скалите, принудувајќи некои да користат лифтови за да излезат од зградата. Многумина ја поминале ноќта надвор пред да можат да најдат сместување.

„Бев на 24-ти кат со сопругата кога почувствувавме мирис на горење, околу 21:45 часот. Го проверивме станот, но не најдовме ништо. Од балконот видовме пожарникари и луѓе надвор. Еден пријател ни се јави и рече дека не може да влезе поради пожарот. Обезбедувањето ни рече да ја напуштиме зградата“, изјави еден жител на зградата.

„Скалите беа полни со чад, па го користевме лифтот, кој работеше. На сопругата ѝ се слоши од чадот. Чекавме надвор 45 минути пред да одиме во хотелот. Подоцна видовме пламен на горните катови. Беше страшно“, додаде тој.

Некои станари беа огорчени затоа што безбедносните системи во зградата не работеа.

„Пожарникарскиот аларм никогаш не се вклучи“, рече еден жител од 28-ми кат.

Би можело да ве интересира

Пожар избувна во една од финансиските кули „Емирати“ во Дубаи

Горан Наумовски

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

Дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија

Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата

Гореше сува трева во атарот на скопското село Булачани

(ВИДЕО) Голем пожар во Белград: Двајца пожарникари се повредени, шеесетина продавници се во пламен

Горан Наумовски