Властите во Кина денес испратија неколку хеликоптери за да ги спасат жителите на провинцијата Гансу што се наоѓа во западниот дел на земјата, а кој беше погоден од силни поплави по прелевањето на реката Јангцекјанг.
Покрај поплавите, лизгањето на земјиштето ја погоди целата област, оставајќи стотина лица заробени на покривите на нивните домови во Лонгнан.
#Flood At Longnan city, #Gansu Province, #China, today. Bridge collapses. Woman says “run quickly!” Man says “Someone is on top of the roof!” 今天,甘肅隴南。 pic.twitter.com/g3MeRyE8Jf
— Jennifer Zeng 曾錚 (@jenniferatntd) August 17, 2020
Највисоко ниво на алармантност беше прогласено во соседната провинција Сечуан каде водата стигна до прстите од статуата на Буда, изградена во 8 век, а врежана во падините на планината Лингјун, соопшти кинеската влада.
Worst flooding in Chinese history! Flood no.4 hits Sichuan, China. August 17. pic.twitter.com/BKJnZzHkxh
— #كابتن_غازي_عبداللطيف (@CaptainGhazi) August 18, 2020
Властите во покраината Хубеј предупредуваат дека најголемата хидроцентрала како и браната се исполнети со голема количина на вода.
Засега е забранет превозот меѓу градовите Жанџијанг и Гуангдунг со островот Хајнан.