Во 121 населено место во три административни единици на Руската федерација на Далечниот исток има поплави.
Водената стихија поплавила над 5.300 станбени згради, населени од 32.600 лица.
Најтешка е ситуацијата во Амурската област, во која се поплавени 94 градови и села.
Засегнати се и Еврејската автономна област и Хабаровскиот крај.
Министерството за одбрана подготви околу 200 хеликоптери, со кои ќе започне испорака на храна, вода и лекови во тешко достапните реони. Ќе започне и евакуација и проценка на штетите.