Голема експлозија се случи во складиште во Ејвонмут, индустриска зона во близина на англискиот град Бристол, а противпожарната служба објави дека има жртви.
Еден од сведоците рече дека се слушнала „многу силна експлозија“, која ги потресла зградите, додека друг рече дека десетина амбуланти излегле на местото на настанот, пренесува Би Би Си.
Според последните информации, најмалку еден човек загинал, а еден се води како исчезнат.
Бристол Пост наведува дека противпожарната служба добила повик во 11.22 часот по локално време и потврдила дека има жртви, но бројот не е наведен.
Британски експрес наведува дека едно лице загинало, а две се водат како исчезнати по силната експлозија.
Засега е непознато што ја предизвикало експлозијата.