(ВИДЕО) Голема експлозија одекна во нафтената рафинерија во Краснодар

Од:

Голема експлозија одекна во нафтена рафинерија во Краснодар, на само 130 километри од резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на Црното Море

Засега не се знае дали се работи за напад со дрон или за саботажа.

Експлозијата се случи откако руски генерал загина во ракетен напад. Според „Дејли мејл“, Русија претрпе два тешки удари додека Украина ја засили офанзивата, а силите на Киев тврдат дека ослободиле најмалку четири села на фронтот.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот на Краснодар.

На социјалните мрежи утрово се појави снимка од рафинерија за нафта во Краснодар, на која се гледа како пламен и густ црн чад излегува од објектот по нападот.

Градот Краснодар е главен град на Краснодарската област, која е поврзана со анектираниот Крим преку теснецот Керч. Краснодар, наводно, е клучна врска и центар за снабдување на окупираниот Крим.

– Пожарот избувнал во фабриката за преработка на дизел – пренесува локалниот портал Кубан њуз и додава дека интервенирале повеќе од 130 пожарникари.

Според „Дејли мејл“, резиденцијата на Путин се наоѓа на врвот на карпа, вреди околу една милијарда евра, има подземен бункер и лозје, а од местото на експлозијата е на помалку од 130 километри.

Во последните месеци имаше чести напади во границите на Русија.

Се верува дека Украина или проукраинските групи користат беспилотни летала со месеци за да ја нападнат клучната инфраструктура како што се рафинериите за нафта или воените бази.

Градот е оддалечен околу 320 километри од фронтот во Украина.

Синоќа, Русија изврши масовен ракетен напад врз централниот украински град Кривји Рих, родното место на претседателот Володимир Зеленски, при што загинаа најмалку три лица, а беа ранети 25, соопштија украинските власти рано во вторникот.

Би можело да ве интересира

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Крајот на војната е поблиску отколку што некој мисли вели Зеленски

Зеленски ги објави деталите за неговиот „план за победа“

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Шредер: „Русија е непобедлива“

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ