ВИДЕО: Голем руски напад на Украина на новогодишната ноќ

Од:

Русија намерно ја започна Новата година со масовен напад врз Украина, лансирајќи повеќе од 200 дронови во текот на ноќта, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Според неговите зборови, поголемиот дел од дроновите биле успешно соборени од украинската противвоздушна одбрана, при што тој им изрази благодарност на сите војници кои учествувале во одбивањето на нападот.

Нападите ги погодија регионите Волин, Ривно, Запорожје, Одеса, Суми, Харков и Чернихив, а главна цел била енергетската инфраструктура на земјата. Таму каде што било потребно, спасувачките служби веднаш интервенирале, додека екипите на енергетските компании работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија.

„Убиствата мора да престанат – не може да има паузи во заштитата на човечкиот живот. Ако нападите не запираат дури ни за време на новогодишните празници, тогаш ниту испораките на системи за воздушна одбрана не смеат да се одложуваат“, порача Зеленски.

Тој нагласи дека сојузниците на Украина ја имаат потребната, иако ограничена, опрема и изрази очекување дека сè што било договорено со Соединетите Американски Држави кон крајот на декември ќе биде испорачано навреме.

„Благодарен сум на сите кои стојат со Украина и придонесуваат за нашата заедничка безбедност“, додаде украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа