Избувна голем пожар во станбена зграда на Менхетен во Њујорк, јавува РТС.
WATCH: Dramatic video of teens escaping apartment fire on Avenue D in East Village. NYC fire officials say a 13y/o boy and 18y/o female shimmy down a construction conduit down the side of a building@ABC7NY pic.twitter.com/FcG9iPxGtq
— Chantee Lans (@ChanteeLans) December 16, 2021
13-годишно момче и 18-годишна девојка успеале да се спасат од пожарот спуштајќи се низ олукот од зградата.
Пожарот, како што соопшти њујоршката противпожарна служба, зафатил стан на четврти кат од станбена зграда на Менхетен, а пожарот го изгаснале 180 пожарникари.
FDNY Assistant Chief Michael Ajello provides an update from this morning’s 2-alarm fire at 118 Avenue D in Manhattan. Read more https://t.co/cJf3G82g0W pic.twitter.com/fyaAFARQiB
— FDNY (@FDNY) December 16, 2021
Двајца тинејџери, кои останале заробени во една соба од станот, решиле да излезат низ прозорецот и да се спуштат низ олукот. Противпожарната служба соопшти дека успешно се спуштиле 13-годишно момче и 18-годишна девојка.
И покрај напорите на пожарникарите, во пожарот загина едно лице, а седум лица се повредени.