(ВИДЕО) Голем пожар во ростовскиот регион: Украински дрон запали складиште за гориво

Од:

По напад на украинско беспилотно летало, избувнал пожар во складиште за гориво во Ростовската област, но нема повредени, соопшти денеска гувернерот на тој регион Василиј Голубев.

„Во областа Каменски избувна пожар во складиште за гориво по напад со дрон, но нема жртви“, напиша Голубев на својот канал Телеграм и додаде дека нема опасност пожарот да се прошири на станбените згради, пренесува ТАСС.

Гувернерот на Ростовската област претходно објави дека околу 03:00 часот по московско време биле соборени четири дронови во Ростовската област и осум над Воронежската област.

Би можело да ве интересира

Белата куќа: Трпението на Трамп за Украина е при крај

Трамп со ултиматум до Зеленски: Избери мир или изгуби ја целата држава

Пропадна мировниот договор, Зеленски го отфрли клучниот услов на Трамп

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“