ВИДЕО: Гола активистка на Фемен протестираше против Доналд Трамп

Од:

Активистка на фенинистичката организација Фемен, гола до половина, денеска предизвика мешаница во Музејот на восочни фигури во Мадрид за време на поставувањето на статуата на новозибраниот американски претседател Доналд Трамп.

Жената ја фатила восочната фигура за меѓуножјето и почнала да вика: „Да го зграпчиме патријархот за топките“.

На припадниците на обезбедувањето им биле потребни неколку минути да ја совладаат жената и да ја одвојат од восочната фигура, по што ја изнеле од задната врата на просторијата.

Веднаш по инцидентот преку Твитер се огласи групата Фемен, која официјално, презеде одговорноста за акцијата, нагласувајќи дека таа претставува одговор на навредливите изјави на Трамп за жените.

Би можело да ве интересира

Москва: Планот на Трамп за Украина не треба сериозно да се земе во предвид

САД: Нема гаранција дека примирјето во Газа ќе се одржи

Трамп постави услов до Украина: Вие на нас ретки метали, а ние ќе ве помагаме

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ

Трамп нареди создавање нов државен фонд: „Тој би можел да го купи TikTok“

Гренланд ќе забрани странски донации за политички партии