(ВИДЕО) “Германскиот режим? Кој германски режим?” – лапсус на шефот на НАТО

Од:

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, коментирајќи го обидот за бунт на Вагнер во Русија, направи лапсус на сметка на Германија.

„Мислам дека она што деновиве го гледаме во Русија ја покажува кревкоста на германскиот режим. Се разбира, тоа покажува и колку е тешко и опасно претседателот Путин да се потпира на платеници“, рече Столтенберг.

Дури и пред да сфати дека направил лапсус, германскиот министер за одбрана Борис Писториус го прекина во средината на реченицата. Тој изненадено праша: “Германскиот режим? Кој германски режим?”

Германецот брзо го коригира првиот човек на НАТО, коментирајќи дека се мисли на „рускиот режим“, и дека Германците во моментов се доста стабилни.

Сите присутни на прес-конференцијата во Вилнус, каде се подготвуваат самитот на НАТО, се изнасмеаја.

Би можело да ве интересира

Писториус: Неприфатливо е Германија да се споредува со авторитарен режим

Писториус: За скоро време Русија може да ги нападне членките на НАТО

Писториус: Германија како најголема НАТО земја во Европа ја поддржува Украина

Предлог на Столтенберг: Украина „привремено“ да направи територијални отстапки кон Русија

А1он

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски