(ВИДЕО) Фрлена бомба врз јапонскиот премиер Кишида, реагираше обезбедувањето, гостите во паника

Од:

Фрлена е бомба врз премиерот на Јапонија, Фуми Кишида, додека држеше говор, јавуваат сите светски медиуми. На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека мажот кој веднаш е уапсен, фрли сребрен цилиндар во правец на премиерот на Јапонија, по што се слушна експлозија и се појави густ чад.

Телохранителите на јапонскиот премиер веднаш се нафрлија врз Кишида и го заштитија со своите тела, а добрата вест е што Кишида не е повреден, ниту некој од посетителите на средбата.

Кишида зборуваше во Вакајама, во пресрет на новите избори во Јапонија.

Веднаш е наредена истрага за да се утврдат мотивите на човекот што ја фрли димната бомба врз него, односно дали тој стои зад се – или дали станува збор за организиран напад.

Јапонските власти соопштија дека се е во ред со Кишида, дека тој ја напуштил Вакајама неповреден и веднаш бил пренесен на безбедна локација каде исто така ќе биде сослушан во полиција.

Да потсетиме, пред само една година, на сличен настан беше убиен поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, додека држеше говор во предизборната кампања.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски