Повторно е активиран вулканот Етна, на јужниот италијански остров Сицилија – од него избиваад густи облаци од чад и пепел, а „фонтана од лава“ се спушта од неговата југоисточна страна, пренесуваат италијанскиите медиуми.
На последната ерупција ѝ претходеа неколку силни експлозии што се слушнаа надалеку, додека од кратерот почна да излегува чад, а околните места набрзо беа прекриени со вулканска пепел.
И покрај ерупцијата, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, во централниот дел на Сицилија.
Според Националниот институт за геофизика, изворот на лавата се наоѓа на 3.000 метри надморска височина.