ВИДЕО: Ерупција на вулканот Виларика во Чиле

Од:

Силна ерупција избувна рано утринава на вулканот Виларика во Чиле, соопштија чилеанските власти.

Ерупцијата се случила во 03,00 часот по локално време, кога од кратерот почнал да исфрла пепел, во височина до илјада метри, а вжештената лава да се излева по падините на вулканот.

Владата во Сантјаго прогласи тревога во реонот околу Виларика и нареди итна евакуација на населението што живее во близина на вулканот.

Градоначалникот на градот Пукон, сместен во близина на разбудениот вулкан изјави дека евакуацијата е во тек и дека се одвива мирно и без паника.

Виларика е активен вулкан, но со својата височина од 2840 метри е популарна дестинација на планири и алпинисти од Чиле, од земјите на Јужна Америка, како и од светот.

Последна поголема ерупција е регистрирана во 1985 година.

Според податоците на чилеанските вулканолози, во текот на 20 век повеќе од 100 лица настрадале во ерупциите на овој вулкан.

По првичната ерупција, Виларика наеднаш се смирил.„Во овој момент нема никаква активност,нема пепел и нема исфрлање лава“-им изјавил по телефон градоначалникот на Пукон,Карлос Пара на чилеанските новинари.

Властите прогласиле тревога уште во текот ба вчерашниот ден,откако биле регистрирани необични активности во кратерот на вулканот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени