ВИДЕО: Екстремно жешко во Мексико, десетици мртви

Од:

48 луѓе починале за два месеци поради екстремни горештини во Мексико, а речиси половина од смртните случаи се регистрирани само во изминатата недела, соопшти мексиканското Министерство за здравство.

Вкупно 956 лица се лекувани од топлотен удар, дехидрација и изгореници од сонце од почетокот на жешката сезона во средината на март. Топлотниот удар беше најчеста причина за смрт.

Температурите во 27 од 32 држави во таа латиноамериканска земја во моментов се над 40 степени Целзиусови.

Во четвртокот температурите во северниот град Монклова во државата Коахуила беа високи и до 46 степени. Покрај тоа, поголеми делови од земјата наврнаа помалку дожд од вообичаено за овој период од годината.

И животните страдаат од екстремна топлина. Во јужните држави Табаско и Чиапас, десетици мајмуни неодамна паднаа мртви од дрвја или им требаше третман за дехидрација, соопштија еколошките здруженија.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски