(ВИДЕО) Експлозија во Москва, има мртви и ранети

Од:

Во Москва денес се случи силна експлозија во повеќекатна зграда на улицата Генерал Тјуленев. Според неофицијални информации, експлозијата била предизвикана од гас и предизвикала голем пожар што ги зафатил становите на деветтиот кат од зградата.

Според извештаите, делови од еден кат се урнал, при што загинале неколку лица, а повеќе од 15 биле повредени. Некои од жителите беа заробени на горните катови, каде што повикаа на помош низ прозорците додека пожарникарите се обидуваа да го локализираат пожарот и густиот чад.

Според локалните медиуми и очевидци на терен, пожарот брзо се проширил низ неколку станови, а службите за итни случаи сè уште ја пребаруваат зградата. Нема официјална потврда за причината за експлозијата, но се шпекулира дека станува збор за дефект на гасната инсталација.

Руските власти сè уште официјално не го објавија бројот на загинати и повредени, но се очекуваат повеќе информации во текот на вечерта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Рим – има тешко повредени

А1он

Карлсон: Западот нема шанси да ја победи Москва

Експлозија во деловна зграда во Амстердам, исламистичка група ја презеде одговорноста

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Кремљ: Ова е отворена агресија против Техеран

(ВИДЕО) Бомбашки напад во Москва: Убиен e полицаец, двајца негови колеги се повредени

Горан Наумовски