Во експлозија во илегална работилница за огномет во централно Мексико, седум лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија денеска локалните власти.
„Експлозијата се случи во куќа во која се произведуваа и складираа пиротехнички средства за огномет“, се вели во соопштението на мексиканската цивилна заштита.
#Morelos #Mexico🇲🇽- Explosion caused by powder keg causes fire at a fireworks workshop in #SanSebastián barrio of #Totolapan, emergency services responding (📹Amaro Reyes) pic.twitter.com/jf1DaDf1Ia
— CyclistAnons🚲 (@CyclistAnons) March 21, 2023
Според првичните информации, седум лица загинаа, а 15 се повредени во несреќата во градот Тотолапан, на околу 80 километри од главниот град.
Локалните власти изразија жалење за несреќите кои се вообичаени во нелегалните работилници за производство на огномет.
Во декември 2016 година, неколку експлозии се случија на пазарот за огномети во Тултепек во централно Мексико, при што загинаа 42 лица, а неколку десетици беа повредени.