(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Од:

Три лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика во близина на крајбрежниот град Аликанте во југоисточна Шпанија, соопштија спасувачките служби.


Инцидентот се случил во индустриската зона Иби, на околу четириесет километри од центарот на Аликанте, во фабрика која произведува полистирен.


„Три лица загинаа, а седум се повредени“ во експлозија во фабрика“, соопштија на X спасувачката служба на регионот Валенсија каде што се наоѓа Аликанте.

Директорот на итната служба на регионот Валенсија, Алберто Мартин, за ТВЕ изјави дека котелот експлодирал во фабриката, а три лица загинале, а три се тешко повредени.

Според пожарникарите, по експлозијата се урнал дел од индустрискиот објект, паднал покривот и се срушила околу половина од површината на објектот, што значи дека паднале и внатрешните ѕидови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Драма во Амстердам: Автомобил експлодира на плоштад

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија