ВИДЕО: Експлозија на бензинска пумпа во Рим, над 20 повредени

Од:

Неколку лица беа повредени, а жителите беа принудени да бегаат по експлозијата на бензинска пумпа во Рим утрово. Снимките од местото на настанот покажаа огромна портокалова огнена топка и столб од темно сив чад што се извишува над зградите.

Според италијанските медиуми, најмалку 21 лице е повредено, вклучувајќи полицајци, пожарникари и медицински персонал, а противпожарните екипи сè уште работат на гаснење на пожарот. Жителите изјавија за весникот „Кориере дела Сера“ дека експлозијата, која ги потресе блиските згради, исфлила „парчиња стакло и железо да летаат насекаде“.

Според сведоштва објавени на социјалните мрежи, кои ги објави италијанскиот весник, прво избувнал пожар, а потоа околу 8:18 часот по локално време, се случиле две експлозии едно по друго, од кои втората била поголема.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони разговарала со градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери, за инцидентот, објави „Кориере“. Експлозијата се случила во населбата Пренестино во југоисточен Рим, во близина на градинка и спортски клуб. Полицијата сè уште ја проверува областа за да види дали има дополнителни штети.

Снимките покажаа остатоци расфрлани по спортскиот терен и ограда околу теренот свиткана во експлозијата. Италијанската противпожарна служба соопшти дека десет екипи работат на гаснење на пожарот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огромна нелегална фабрика откриена во Италија, произведувале 7 милиони цигари дневно

А1он

Италија испраќа втор воен брод за придружба на флотата со хуманитарна помош за Газа

Мелони: Ќе ја признаеме Палестина, но под два услови

Рим: Деветгодишно дете е во критична состојба откако е претепано од врсници

Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0

Изгладнета 20-годишна Палестинка почина во Италија откако беше евакуирана