Едно лице загина, додека повеќе се потешко повредени при експлозија на автомобил во центарот на Гетеборг, соопшти рано изутринава шведската полиција и спасувачката служба.
Во моментот на експлозијата во автомобилот се наоѓале пет лица, меѓу кои и едно дете, кое е тешко повредено.
– Возилото е целосно уништено по експлозијата, изјави портпаролот на спасувачката служба Босе Андерсон.
Причината за инцидентот се уште не е позната, а истрагата е во тек.
Полицијата ги сослушала очевидците и го блокира местото на експлозијата.