ВИДЕО: Една жртва и деветмина повредени во експлозијата во хемиската фабрика во Шпанија

Од:

Едно лице загина, а најмалку девет се повредени, од кои три потешко, во силната експлозија во хемиската фабрика на североистокот од Шпанија, соопштија регионалните каталонски власти, пренесуваат американските медиуми.

Лицето погинало кога врз него се урнала зграда што била погодена од воздушниот бран предизвикан од експлозијата во фабриката во областа Тарагона, објавија весниците „ Вангардија“ и „Паис“ на своите интернет страници.

Кабинетот на шпанскиот премиер Педро Санчез сооопшти дека тој е во контакт со каталонските власти и дека Мадрид е подготвен да ја пружи сета неопходна помош.

Британскиите медиуми јавуваат дека на лице место се наоѓаат 20 пожарникарски возила, 11 возила на итната медицинска помош и хеликоптер.

На локалните жители им е советувано да останат во своите домови со затворени прозорци. иако засега нема податоци за загаден воздух.

Засега не е позната причината за експлозијата.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата