(ВИДЕО) Џорџ Буш: Бруталната инвазија на Ирак е неоправдана, грешка мислев инвазијата на Украина

Од:

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја нарече инвазијата на Ирак брутална и неоправдана, а потоа се поправи велејќи дека всушност мислел на руската инвазија на Украина. Грешката се случи вчера за време на говорот во Далас во кој Буш ја критикуваше руската политика.

„Резултатот (на таквиот систем во Русија) е недостатокот на контрола и рамнотежа, што му овозможи на еден човек да изврши целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак“, рече Буш, а потоа одмавна со главата и се поправи: „Мислам. , Украина“.

Потоа се пошегува дека годините очигледно си го прават своето, што ја насмеа публиката.

Соединетите Американски Држави ја предводеа инвазијата на Ирак во 2003 година, кога Буш беше претседател, со изговор дека земјата поседува оружје за масовно уништување, кое, сепак, никогаш не беше пронајдено. Стотици илјади луѓе ги загубија животите во долготрајниот конфликт, а многу повеќе ги напуштија своите домови.

Коментарот на Буш брзо стана вирален на социјалните мрежи, собра над три милиони прегледи само на Твитер откако снимката беше објавена од репортер на Далас њуз.

Во критиката со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина, Буш го спореди украинскиот претседател Володимир Зеленски со британскиот воен лидер Винстон Черчил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива