Три ракети експлодираа во Зелената зона во Багдад, каде што се сместени амбасадата на САД и други странски дипломатски објекти, јавуваат повеќе странски агенции. Нема пријавени жртви.
„Најмалку две експлозии имаше во близина на амбасадата на САД, додека третата ракета експлодира на друго место во комплексот Зелена зона, според безбедносни извори. Нападот беше извршен од област во предградието на Багдад“, пишуваат медиумите.
На социјалните мрежи веќе кружат и снимки направени во близина на комплексот, а може да се слушнат сирените за безбедност кои се вклучиле во американската амбасада во Багдад.
“Rocket attack alarms sounding off multiple times on the #US #Baghdad Embassy Complex and Union III. Heard the booms myself on Union III. Speakers telling all to take shelter immediately.” pic.twitter.com/F1lpbWm9RE
— Nafiseh Kohnavard (@nafisehkBBC) January 20, 2020
За експлозиите извести и агенцијата АФП.
#BREAKING Two rockets hit near US embassy in Baghdad: security sources pic.twitter.com/ktmzS5yUMK
— AFP news agency (@AFP) January 20, 2020