ВИДЕО: Двајца мртви во нападот во Манчестер, напаѓачот е убиен

Од:

Синагога во Манчестер беше нападната додека во неа имало верници. Најмалку две лица се убиени, а тројца други се тешко повредени.

Напаѓачот е убиен, јавуваат британските медиуми, но засега нема официјална потврда. Сепак, телото на човекот во кој пукаше полицијата лежи во дворот на објектот, но не може да се потврди неговата состојба бидејќи има бомба на себе.

На местото на настанот пристигнала единица за деактивирање бомби.

Бакингемската палата издаде соопштение во име на кралот Чарлс, во кое се вели дека тој и неговата сопруга се „длабоко шокирани и тажни“ од ужасниот напад во Манчестер, „особено на толку значаен ден за еврејската заедница“. Тие додадоа дека нивните мисли и молитви се со сите погодени од овој „страшен инцидент“ и дека многу го ценат брзиот одговор на службите за итни случаи.

Би можело да ве интересира

Три лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, во напад во близина на синагога во Манчестер

ВИДЕО: Напад на синагога во Манчестер, објавена снимка од моментот кога полицијата пука во напаѓачот

Катерина Ѓуровски