ВИДЕО: Напаѓаа луѓе со ножеви, едно лице убиено, девет ранети

Од:

Во напад со ножеви на југот на Франција во близина на Лион убиено е едно лице, а девет се повредени, јавуваат француските медиуми.

Двајца мажи вооружени со ножеви нападнале неколку луѓе на паркинг кај метро станицата Лорен Вилербан, преградие во Лион.

Локалните медиуми пренесуваат дека напаѓачите со ножеви нападнале случајни минувачи.

Сообраќајот на метрото веднаш бил ставен во прекин.

Едниот од напаѓачите бил уапсен, додека другиот е во бегство.

Би можело да ве интересира

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција