(ВИДЕО) Дваесет загинати, над 300 повредени во силниот земјотрес во Индонезија

Од:

Повеќе од 20 луѓе загинаа, a над 300 повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја потресе провинцијата Западна Јава во Индонезија, изјави локалниот претставник Херман Суерман.

Претставник на владата во Сианџур, градот во Западна Јава, каде што се наоѓаше епицентарот на земјотресот, изјави за ТВ Метро дека до 20 лица починале во болница во областа, пренесе „Ројтерс“.

Агенцијата за метеорологија и геофизика БМКГ утринава соопшти дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала неколку секунди ја потресе индонезиската престолнина Џакарта.

Во истото соопштение се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Чианџур во Западна Јава, на длабочина од 10 километри. Се додава дека нема потенцијал за цунами.

Некои луѓе ги евакуираа канцелариите во централниот деловен кварт на Џакарта.

Новинарите на „Франс прес“ објавија дека добиле инструкции да ја напуштат редакцијата.

Индонезија се наоѓа на „огнениот појас“ на Пацификот, поради што често е погодена од земјотреси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле