(ВИДЕО) Драматично предупредување од Мадуро за Трамп: Венецуела се соочува со најголемата закана во последните 100 години

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во Карипското Море. Тој тврди дека американските сили во регионот имаат „1.200 ракети“ насочени кон Венецуела.

Мадуро ја даде изјавата на прес-конференција во Каракас, пред министрите и военото раководство. Венецуела се соочува со најголемата закана што нашиот континент ја видел во последните 100 години“, рече Мадуро. „Оваа ситуација никогаш порано не е видена“, додаде тој.

Вашингтон го објаснува распоредувањето бродови како дел од операцијата против трговијата со дрога. Морнарицата и крајбрежната стража на САД долго време имаат присуство во јужниот дел на Карибите, но овој пат распоредија значително поголем број бродови од вообичаеното.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мадуро дека раководи со нарко-картел и неодамна ја дуплираше наградата за негово апсење на 50 милиони долари (42,7 милиони евра).

Би можело да ве интересира

Трамп најави разорен напад врз Иран: Можеме да ги уништиме преку ноќ!

А1он

Трамп: Утрешниот рок за постигнување договор со Иран е конечен

А1он

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он

Трамп: Лесно можеме да го отвориме Ормутскиот теснец

А1он

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

(ВИДЕО) Трамп се потсмеваше со саудискиот принц: Не мислеше дека ќе ми го бакне задникот!

А1он