Најголемата зграда во Русија, со висина од 145 метри, ја зафати голем пожар, предизвикувајќи големи штети.
Според информациите на противпожарната екипа пожарот избил во среда, а бил ставен под контрола во четврток.
Очевидците велат дека пожарот ги зафатил сите катови. Луѓето успеале да ја напуштат, зградата па за среќа никој не е повреде, пренесуваат медиумите.
Во гаснење на пожарот учествувале дури 300 лица, а целата област била блокирана.
Се претпоставува дека причината е електро-инсталацијата, но повеќе детали ќе се соопштат по спроведената истрага.
Елена Георгиевска