ВИДЕО: Драма на полетувањето кон вселената, дефект на ракетата „Сојуз МС-10“

Од:

При лансирање на ракетата „Сојуз МС-10“ на Меѓународната вселенска станица, се расипал дел од неа, при што астронаутите морало итно да слетаат на земјата.

Во неа се наоѓале двајца астронаути, Русинот Алексеј Овчинин и Американецот Ник Хејг. Како што јавија руските медиуми, тие безбедно слетале во Казакстан, по што стапиле во контакт со контролата на летање.

Soyuz MS-10 Launches to ISS From Baikonur Cosmodrome

Soyuz MS-10 launches to ISS from Baikonur Cosmodrome

Posted by Sputnik on Четврток, 11 октомври 2018

Спасувачките екипи известуваат дека виделе дел од ракетата како со падобран се спушта, откако се случил дефектот.

НАСА и Раскосмос потврдија дека астронаутите се живи и се наоѓаат на околу 25 километри од градот Жезказаган во центарот на Казакстан.

-Тимовите работат со руските партнери, за да добијат повеќе информации за тоа што се случило со ракетата при денешното лансирање, напиша НАСА на Твитер.

Испратени се и хеликоптери на местото каде астронаутите слетале.

Ракетата била лансирана во 10:40 изутрина по руско време, од космодромот во Бајконур.

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски