(ВИДЕО) Девојката на американски стоматолог кој ја уби сопругата на сафари е осудена на 17 години

Од:

Девојката на американски стоматолог и ловец, кој е обвинет дека ја уби сопругата на африканско сафари, во петокот е осудена на 17 години затвор, пишува Си-Ен-Ен.

На Лори Милирон, девојката на Лоренс Рудолф, и се судеше од јули 2022 година, а поротата сега ја прогласи за виновна за помошник во убиство, попречување на правдата и лажно сведочење.

Таа во петокот беше осудена на 17 години затвор и парична казна од 250.000 долари, пресуди федералниот судија Вилијам Џеј Мартинез.

Лори Милирон го охрабрила Лоренс Рудолф да ја убие својата сопруга. Таа му рекла да се разведе од Бјанка Рудолф, но кога Лоренс рече дека не може да си го дозволи тоа, Милирон му помогна да добие пропофол – смртоносен анестетик кој може да се користи како отров, се вели во обвинението.

Адвокатот на Милирон, Џон Дил, изјави за CNN дека планираат да поднесат жалба на пресудата.

Дил наведува дека веруваат дека казната била преголема, дека одговорите на Милирон не биле лажни и дека сочувствува со семејството на жртвата.

Изрекувањето на пресудата на Рудолф требаше да биде на почетокот на оваа недела, но е одложена. Федералната порота го осуди Рудолф за убиство на Бјанка Рудолф и измама на неколку компании за осигурување на живот.

Бјанка Рудолф беше убиена во 2016 година додека таа и Лоренс Рудолф беа во Замбија. Истрагата утврди дека таа e застрелана додека се пакуваше за да се врати дома.

Рудолф тврдеше дека е невин и дека пиштолот пукнал случајно.

„Не ја убив сопругата, никогаш не можев да ја убијам“, тврдеше тој пред поротата.

Сепак, федералните обвинители ја окарактеризираа нејзината смрт како намерно кривично дело. Обвинителите тврдеа дека Рудолф ја убил својата сопруга за пари и за да биде со својата девојка Милирон. Рудолф доби повеќе од 4,8 милиони долари од нејзиното животно осигурување по нејзината смрт.

Замбиската полиција претходно тврдеше дека жената била убиена случајно, но американските иследници повторно го отворија случајот откако пријателка на Бјанка Рудолф ги контактирала властите и изјавила дека се сомнева дека Бјанка е убиена.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија