Тринаесетгодишната Стефани од САД, сакала на својот татко кој што е астронаут во Меѓународна вселенска станица да му испрати порака, која ќе може да се види од Вселената.
Пораката била напишана во соработка со компанијата Хјундаи, која на девојчето и ја исполнило желбата и направила реклама на која автомобил се движи низ пустина и пишува зборови.
Пораката „Стеф те сака“, која што била напишана во Невада била толку голема што влегла во Гинисовата книга на рекорди, како најголема која што е напишана со траги од автомобилски тркала.
Како што пренесуваат медиумите таткото стапил во контакт со својата ќерка и и ја покажал снимката која што ја направил од Вселената, а на која јасно се гледа пораката која што му била посветена .
Е .Г.