Девет лица загинаа при пад на авион кој превезувал падобранци во градот Умео, во северниот дел на Шведска, соопштија шведските власти.
Портпаролот на шведската полиција, Педер Џонсон изјави дека авионот се урнал на остров во близина на Умео, кратко по полетувањето.
Тој рече дека причината за несреќата не е позната.
Од главната регионална Универзитетска болница потврдија дека при падот на авионот нема преживеани и дека за несреќата се известени семејствата на загинатите.
#BREAKING video: Moment a plane crashed in Sweden: 9 killed in plane crash near Umeå pic.twitter.com/0rgeBclo1b
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) July 14, 2019
Засега не се познати имињата и националноста на жртвите.