(ВИДЕО) Девет жртви во поплави во Чиле

Од:

Најмалку девет лица загинале, а 19 се водат како исчезнати поради поплави кои зафатиле неколку градови во пустинска област во северниот дел на Чиле.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“, по големо невреме, кое предизвикало поплава во пустината Атакама, која што инаку е најсувото место на свет, локалното население се обидува да ги расчисти своите домови од калта.

-Кога ќе ги исчистиме патиштата и поплавените места, најверојатно ќе откриеме уште жртви – рекол Махмуд Алеуј, од Министерството за внатрешни работи и додал дека поплавите отсекле најмалку 40 заедници, од кои повеќето сега немаат ниту вода за пиење.

Инаку поплави ги зафатиле градовите Копијапо, Чанарал, Тјера Амариља и Талтал, кои се наоѓаат на одалеченост од повеќе илјади километри од чилеанската престолнина.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Вучиќ откри со кој потег Зеленски го изнервира Трамп неколку дена претходно

Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Порака од Америка: Зеленски, поднеси оставка или прифати ги последиците

Првата одлука на Стејт департментот по хаосот во Белата куќа: Се укинува поддршката за Киев

Предраг Петровиќ

Захарова: Вистинско чудо е што Трамп и Венс не го удрија Зеленски

Предраг Петровиќ