(ВИДЕО) Дете во Англија го однесе ветрот додека беше во топка, заврши во болница

Од:

Дете (9) во Ливерпул, кое беше во зорб топка, од силниот ветер беше однесено во воздух. Деветгодишното момче зорбираше за време на фестивалот за храна и пијалоци во Саутпорт во Мерсисајд.

Зорбинг е екстремен вид на спорт или рекреација измислен во Нов Зеланд во кој луѓето се движат во топка направена од полупроѕирна пластика.

Момчето со хеликоптер беше пренесено во детската болница Алдер Хеј по инцидентот. Тој се здоби со повеќе повреди кои не се опасни по живот.

„Дуваше силен ветер и ја изнесе топката со момчето од вода. Зорбот потоа падна на кофата и пукна, а момчето падна на подот“, рече еден од сведоците на настанот, пренесува Дејли мејл.

Би можело да ве интересира

Падна гранка од дрво и тешко повреди дете, случајот го истражува МВР и Обвинителството

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските