ВИДЕО: Детали за масакрот во Бафало, поради расна омраза, 18-годишник уби 10 луѓе

Од:

18-годишен белец уби десет и рани три лица во супермаркет во Бафало пред да им се предаде на властите кои сметаат дека злосторството е расно мотивирано.

Осомничен е за расно мотивиран екстремизам. Полицијата верува дека 18-годишникот, вооружен со автоматска пушка, дејствувал сам.

ФБИ, во меѓувреме, соопшти дека неговиот чин ќе биде истражен како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“.

11 од 13 убиени или ранети се афроамериканци, супермаркетот е во населба во која живеат луѓе со црна боја на кожта.

Американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, објавија дека напаѓачот се викал Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало.

Злосторството го пренесувал во живо на интернет сервисот Твич преку камера што ја поставил на кацигата. За време на нападот бил тешко вооружен, во воена опрема и со панцир, соопшти полицијата.

Кога полицијата го опколила во лобито на супермаркетот, тој прво си ставил пиштол на вратот, но полицајците сепак го убедила да го фрли оружјето и да се предаде, изјави на прес-конференција началникот на полицијата Џозеф Грамаглиа.

Како што пренесуваат американските медиуми, тој убил четири лица на паркингот, го застрелал и чуварот кој бил пензиониран полицаец, останатите жртви ги убил внатре во продавницата.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев