ВИДЕО: Десетици приведени во нови демонстрации во Минск против Лукашенко

Од:

Масовни протести се одржуваат во речиси сите региони на Белорусија, а на демонстрациите во Минск беа уапсени десетици лица, изјави денеска портпаролот на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова.

Таа нагласи дека бројот на протести што се во тек не е голем и дека апсењето на демонстрантите се случило денеска само во Минск, додека во другите делови на државата досега немало такви случаи.

Масовните протести во Белорусија избија по спорните претседателски избори, што се одржаа на 9 август.

Белоруската група за човекови права Вијасна соопшти за апсење на 37 луѓе во главниот град Минск, чиј центар го чуваат голем број припадници на полицијата, а оклопни возила се распоредени околу стратешки места. Покрај масовните безбедносни сили, на улиците се и водени топови и оклопни возила, а барикадите и бодликавите жици ги затворија влезовите во метрото.

Лукашенко (66) е на власт 26 години и одбива дијалог со опозицијата и покрај речиси секојдневните протести против него и се шета во јавноста со Калашников, нарекувајќи ги демонстрантите „стаорци“и обвинувајќи го Западот за заговор за соборување од власт.

Околу 4.000 луѓе беа на улиците во Минск вчера, а 91 лице се приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина