На социјалните мрежи се шират видеа на кои се гледа запалената куќа на основачот на Исламската Република, покојниот ајатолах Рухолах Хомеини, а активистите тврдат дека била запалена од демонстранти. Ројтерс ја потврди локацијата на двете видеа.
Но, полуофицијалната новинска агенција Тасним негираше дека куќата на Хомеини била запалена, додавајќи дека мал број луѓе се собрале пред куќата. На видеата на социјалните мрежи може да се забележат десетици луѓе како скандираат, додека зградата гори. Ројтерс не можеше независно да потврди кога се создадени видеата.
Astonishing scenes from #Iran. Protesters have burned down the house of Ruhollah Khomeini, the Islamic Republic’s founder.
The house has been a museum for the past 30 years. This is an attack in the essence of the republic itself. pic.twitter.com/Qtk5jr5AR6
— David Patrikarakos (@dpatrikarakos) November 18, 2022
Активистичката мрежа 1500Tasvir соопшти дека инцидентот се случил во четвртокот вечерта во родниот град на Хомеини, јужно од главниот град Техеран.