Во центарот на Барселона, најмалку шест лица се повредени и хоспитализирани во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во текот на изминатата ноќ.
Судирот дошол додека полицијата се обидувала да ги растера демонстрантите кои се собрале пред штабот на шпанската полиција, објави Ројтерс.
Shocking scenes in Barcelona tonight.
Police clashing with demonstrators, and being completely overwhelmed.
— Joshua Potash ? (@JoshuaPotash) October 27, 2019
Во саботата се собраа 350.000 луѓе, кои протестираат за независност на Каталонија, изјави полицијата.
Стотици илјади Шпанци во проблематичниот регион на Каталонија протестираат во Барселона откако шпанскиот Врховен суд осуди деветмина политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот референдум за независност на Каталонија 2017 година.
Како што пренесува АП, митингот е организиран од групи што сакаат да создадат нова држава во североисточна Шпанија.
Каталонските лидери беа осудени на девет до 13 години затвор за бунт.
Пресудите предизвикаа мирни протести во Барселона и другите околни градови кои подоцна ескалираа во жестоки судири со полицијата.