(ВИДЕО) Дел од кулата во Колосеумот во Рим се урна: Маж заробен под урнатините

Од:

Еден работник е хоспитализиран со сериозни повреди на главата, додека друг е заробен под урнатините по делумното уривање на средновековната кула која беше во процес на реставрација во историскиот центар на Рим, објавија италијанските медиуми.

Повредениот маж бил дел од тим работници кои работеле на реставрација на оваа средновековна утврдена кула, која се наоѓа во близина на Колосеумот и Римскиот форум.

Двајца други работници претрпеле полесни повреди, но одбиле да бидат однесени во болница, додадоа изворите.

Портпаролот на Националната противпожарна служба, Лука Кари, изјави дека службите за итни случаи ослободуваат едно лице кое било заробено под урнатините.

За време на спасувачката операција, друг дел од кулата се урна, но никој не е повреден.

Тројца работници, кои биле на скелето и останале заробени по уривањето, биле спасени со помош на противпожарно возило.

Три противпожарни бригади, карабинери и полиција интервенирале на местото на несреќата, објавува „Рома денес“ и додава дека на местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери.

Припадниците на локалната полиција го затворија просторот околу кулата додека трае операцијата за спасување на затрупаниот работник.

Причината за уривањето на кулата засега е непозната, а истрагата ќе ги утврди сите околности на инцидентот.

Кулата на грофовите (Torre dei Conti), висока 29 метри, не е во употреба од 2006 година, но се работи на нејзина реставрација во рамките на четиригодишен проект што треба да биде завршен следната година, соопштија властите во Рим.

Видеата на социјалните мрежи покажаа облаци прашина што излегуваат од прозорците на кулата, придружени со звуци од паѓање камења. Поради реновирачки работи, просторот околу кулата беше затворен за пешаци.

Зградата е изградена на почетокот на 13 век од папата Инокентиј III за неговото семејство.

Би можело да ве интересира

ЕУ трајно ги замрзнува руските средства, две земји беа против тоа

Предраг Петровиќ

Советникот на Путин: Руската армија може да го напушти Донбас, но полицијата и гардата остануваат

Руски суд: Судијата кој побара апсење на Путин го осудуваме на 15 години затвор

Трамп собра пет сојузници против Кина

Дронови прелетуваа над француската нуклеарна база, армијата отвори оган

И покрај предупредувањето на Трамп, авионите влегуваат во воздушниот простор на Венецуела

Предраг Петровиќ