ВИДЕО: Дедо скокнал на шините за да спаси внука

Од:

На железничката станица во Мелбурн, безбедносна камера забележала момент кој можел да заврши трагично. Имено количка во која имало мало дете, сама започнала да се движи по платформата, се превртела и паднала на шините.

Станува збор за осумнаесетмесечно девојче, кое било со својот дедо. На видео записот се гледа дека дедото стои пред автомат и купува билет, додека количката со детето тргнува низ платформата.

-Детето со глава падна врз челичните шини и се здоби со значајна повреда во пределот на очите – изјави еден очевидец.

Кога дедото видел што се случува, веднаш отрчал до работ на платформата и скокнал. Луѓето кои што во тој момент биле на станицата му помогнале и детето е пренесено во болница. Како што се наведува лекарите соопштиле дека девојчето е во стабилна состојба.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски