ВИДЕО: Деца во Англија пропаднаа во замрзнато езеро, четири се извлечени во критична состојба

Од:

Шест деца паднаа во замрзнато езеро во близина на Бирмингам во Англија. Четири беа спасени и пренесени во болница во критична состојба, две се водат како исчезнати. Властите велат дека инцидентот се случил кога децата си играле на мразот во Бабс Мил Парк.

Децата биле пренесени во две болници во Бирмингам. Од спасувачките служби изјавија дека кај некои од децата имало престанок на работата на срцето.

Екипите за спасување добиле информација дека во езерото паднале шест лица, прдолжиле да трагаат откако извлекле четири, но морале да ја прекинат потрагата поради мракот и студената вода.

Еден полицаец претрпел блага хипотермија за време на спасувањето и превентивно бил пренесен во болница.

Би можело да ве интересира

Маслаха: Затворскиот персонал во Англија ги малтретира муслиманите

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Банда од шест лица украла роба вредна 150.000 евра од супермаркет во Англија

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он