ВИДЕО: Деца со пушки поголеми од нив си го бранат селото од наркокартелите во Мексико

Од:

Соочени со постојано насилство и напади од страна на паравојските формирани од наркокартелите, жителите на село Ајахуалтемпо во сојузната држава Гереро формирале свој одред за одбрана, во кој членуваат и околу 40 деца на возраст од 5 до 15 години. Селаните биле принудени на ваков чекор поради тоа што криминалците често ги киднапираат мажите и ги принудуваат да работат за нив.

Сите деца уште од зачленувањето во „селската стража“ носат оружје, а обука им држат нивни возрасни комшии и роднини кои имале војничко искуство. Целта на локалните власти е да им покажат на криминалците дека ќе им пружат отпор, а во исто време, на децата уште од мали нозе да им стане јасно кој е непријателот.

Во делови од државата Гереро, мексиканската држава нема пристап, а полицијата и војската се немоќни против бескрупулозниот картел „Лос Ардиљос“, кој ја контролира речиси целата трговија со дрога во државата, но и сите локални институции на власта.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски