Семејствата во Маракеш, збиени заедно, ја поминаа втората ноќ на улица. Најсмртоносниот земјотрес во Мароко во повеќе од половина век остави многумина да се плашат дека не е безбедно да се вратат во своите домови.
Неизвесноста зафати многумина во Маракеш, 70 километри североисточно од епицентарот, бидејќи се загрижени дека земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 2.000 луѓе, можеби ги оштетил нивните домови или дека последователен потрес може да ги уништи во наредните часови или денови.
Бројот на загинати се искачи на 2.012, а други 2.059 се повредени, информираат властите.
Во меѓувреме се појавија нови снимки од земјотресот од надзорните камери.
WATCH: CCTV video from last night earthquake in Morocco, people running while houses collapse. #Morocco #Moroccoearthquake #Marrakech #earthquake pic.twitter.com/mxDebFeEg2
— Insider Corner (@insidercnews) September 9, 2023
Британскиот Sky News објави уште едно ново видео на кое се гледа како луѓето се шетаат во близина на синагогата Слат ал Азам кога се случи земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер.
This video shows the moment a deadly 6.8 magnitude earthquake struck Marrakech.
The number of people killed and injured in the earthquake in Morocco is expected to rise further as rescue crews struggle to reach mountainous areas.
Read more: https://t.co/OOy0JLRenQ pic.twitter.com/5PC8fMscQA
— Sky News (@SkyNews) September 10, 2023
Кога ѕидот почнува да се руши и да се крева прашина, луѓето панично бараат засолниште.